1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„БМВ“ повлекува 750.000 автомобили

Поради можни проблеми со напојувањето со струја „БМВ“ повлекува 750.000 возила во целиот свет. Ова е една од најголемите вакви акции во историјата на овој производител на автомобили.

Погодени се возилата од серијата „Единица“ и „Тројка“ на спортскиот автомобил „Z4“ и на џипот „X1“ произведени меѓу март 2007 и јули 2011 година и имаат специјална опрема за топлите земји, соопшти портпарол на „БМВ“ во Минхен. Едно дефектно поврзување кај овие возила би можело да доведе до тоа автобомилот да неможе да се отвори, да не стартува моторот или да се изгасне за време на возењето.

Повеќето од возилата, околу 500.000, според портпаролот ќе бидат повикани во работилниците во САД, потоа во Јапонија (100.000), Канада (65.000) и Јужноафриканската Република (50.000). Во Германија и во Европа автомобилите не се погодени.

Чести проблеми со електрониката

Минатиот петок (15.02.2013) „БМВ“ во САД  повика на повлекување на 30.000 автомобили „X5“ поради можни проблеми со кочниците. Досега најголемета акција на повлекување автомобили на „БМВ“ беше во март минатата година. Тогаш „БМВ“ повлече 1,3 милиони автомобили.

Според една студија на Center of Automotive Management (CAM) од Бергиш Гладбах „БМВ“ во САД почесто повлекувал автомобили отколку другите германски производители. Вкупно автомобилската бранша веќе со години бележи порасат на акциите на повлекување на автомобили. Речиси во половината од случаите тој чекор бил преземен поради проблеми со електрониката.

Поврзана содржина