1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Блокирани стоки декларирани со кратенката ПЈРМ

Македонија го запре увозот на стоки декларирани под кратенката ПЈРМ. За да не се предизвика трговска војна со Грција, од каде потекнува најголем дел од стоката, Македонија бара начин да се исправи техничката грешка.

default

Царина

Македонија го запре увозот на производи декларирани со кратенката ПЈРМ. Одлуката на цариснката управа направи застој на граничните премини. Голем број шлепери останаа блокирани натоварени со стока со документација спорна за царината, главно со производи од Грција.

По еднодневниот прекин, за состојбата да не ескалира во трговска војна меѓу Македонија и Грција, официјално Скопје ја спушта топката. Министерот за финасии Трајко Славевски вели дека се бара форма, раземната со јужниот сосед да продолжи непречено.

Трговијата ќе продолжи, но од грчките компании и шпедитери се бара во најкус можен рок да престанат да ја употребуваат непостоечката кратенка ПЈРМ. Се дава транзициски период за да се исправи грешката по што нема да се примаат стоки при извозот декларирани како досега.

Директорото на царината Ванчо Каргов во изјава за Дојче Веле објаснува дека кратенката ПЈРМ не постои како официјално име на Македонија, и дека отоспката по вчерашното спуштање на рампите се прави за да се премости овој период.

И во македонското МНР имаа слично објаснување. Не се работи ниту за ембарго, ниту за зацврстување на позициите пред престојната декемвриска преговарачка рунда за името. Се работи за техничка грешка која е наследена практика и која треба брзо да се реши. Имено Македонија во ОН е примена под референцатата Поранешна Југословенска Република Македонија, а не како ПЈРМ или Скопје, велат во МНР.