1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блокирана работата на Анкетната Комисија

*

Анкетната комисија за утврдување на одговорноста за физичките пресметки во парламентот е повторно блокирана. Во финишот на усвојувањето на заклучоците пратеникот и член на комисијата Агим Рамадани од владејачката ДПА ја напушти седницата со што не можеше да се обезбеди консензус за усвојување на заклучоците. Меѓу усвоените заклучоци е предлогот спикерот Љубиша Георгиевски да биде казнет со укор, пратениците инволвирани во тепачката со тримесечно намалени плати, а владата сама да ја утврди одговорноста на нејзините функционери, министерката за внатрешни работи Гордана Јанклуловска и нејзиниот заменик Рефет Елмази. ДПА не се согласува со евентуална одговорност на Елмази. Во тек се консултации меѓу претседателот на комисијата Стојан Андов и претседателот на парламентот Љубиша Георгиевски. ЕУ бара анкетната комисија брзо да го утврди степенот на одговорност кај инволвираните.