1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Блискоисточните преговори строго доверливи

Држени во голема тајност денеска (15.08.) продолжија мировните преговори меѓу Израел и Палестинците. Средбата се одржа на непознато место во Ерусалим.

Канцеларијата на изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху воведе забрана за известување на детали за средбата. Американскиот посредник Мартин Индик заедно со израелската министерка за правда Ципи Ливни и палестинскиот главен преговарач Саеб Ерекат на разговорите зад затворени врати требаше да го договорат текот и модалитетите на разговорите. Имено, цел на разговорите е во рок од девет месеци да се постигне мировен договор и согласност за независна Палестинска држава. Не се очекува дека ќе биде постигнат брз пробив.

Неколку часа пред почетокот на преговорите израелски борбени авиони бомбардираа цели во Појасот Газа. Армијата соопшти дека по ракетниот напад на Палестинците врз пограничниот град Сдерот биле нападнати скриени рампи за истрелување ракети.