1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блискоисточниот квартет во Ерусалим

*

Еден ден по израелско арапскиот самит членките на блискоисточниот мировен квартет во Ерусалим разговараат околу актуелната ситуација во регионот. Претставници на ОН, ЕУ, САД и Русија се среќаваат прв пат откако Хамас ја презеде контролата во појасот на Газа. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт на вчерашната средба во Шарм Ел Шеик вети ослободување на 250 затвореници припадници на палестинското движење Фатах, на претседателот Махмуд Абас. Египетскиот претседател Хосни Мубарак самитот го оцени како значаен чекор кон заживување на мировниот процес. Олмерт отфрли какви било разговори со Хамас, откако радикалната група објави аудио запис на израелскиот војник Гилад Шалит кој една година е заложник на палестинските милитанти.