1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блискоисточен квартет – иницијатива

Со оглед на растечкото насилство меѓу Израелците и Палестинците Блискоисточниот квартет планира скорешен состанок со учество на страните во конфликтот. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер најави дека средбата ќе се одржи уште во текот на јуни. Во заедничка изјава на претставници на Квартетот од Палестинците се бара итен прекин на сите насилства и почитување на примирјето. А на адреса на Израел упатено е барањето за повоздржани воени акции и одбегнување на цивилни жртви кај палестинското население.