1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блиски исток – преговори

*

САД и Израел се изјаснија за учество на Сирија на планираната мировна конференција за Блискиот исток под одредени услови. Сириското раководство може да биде покането доколку од сегашните преговори ја исклучи спорната тема за иднината на Голанската висорамнина. Ова го соопшто израелскиот премиер Ехуд Олмерт по разговорите со американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс во Ерусалим. Таа денеска во рамките на посредничката мисија на Блискиот исток се очекува на разговори во Рамалах. Состојбата во регионот таа ја оцени на следниот начин: „Порастот на насилниот екстремизам создаде темелно нов стратешки сојуз на Средниот исток. Одговорните држави кои порано беа ривали сфатија дека имаат заеднички интерес за борба против терористичката закана, како и дека создавањето умерена држава на Палестинците ќе биде тврдина против таквата закана.„