1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блиски исток – квартет

*

Блискоисточниот квартет побара од Палестинските и Израелците да спроведат траен мир во регионот. Претставниците на ОН, ЕУ, САД и Русија на средбата во Лисабон ги повикаа страните во конфликтот да соработуваат со новиот специјален пратеник на квартетот, Тони Блер. Инаку, Израел, како што беше договорено пред неколку дена, ги ослободи 250-те палестински затвореници. Со автобуси затворениците се пренесени на Западниот брег, каде им се предадени на претставници на палестинските автономни власти. Најголемиот дел од затворениците и припаѓаат на организацијата Фатах на палестинскиот претседател, Махмуд Абас, а ниту еден ослободен затвореник не е член на Хамас или на Исламски Џихад. На овој начин, израелската влада има намера да ја зајакне позицијата на Абас.