1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блиски исток – затвореници

*

Израел, како што беше договорено пред неколку дена, ги ослободи 250-те палестински затвореници. Со автобуси затворениците се пренесени на Западниот брег, каде им се предадени на претставници на палестинските автономни власти. Најголемиот дел од затворениците и припаѓаат на организацијата Фатах на палестинскиот претседател, Махмуд Абас, а ниту еден ослободен затвореник не е член на Хамас или на Исламски Џихад. На овој начин, израелската влада има намера да ја зајакне позицијата на Абас. Инаку, блискоисточниот квартет вчера на средбата во Лисабон ги повика Израелците и Палестинците да направат напор за траен мир во регионот.