1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Близу 500 загинати во судирите во Јужен Судан

Во последните немири во Јужен Судан убиени се близу 500 луѓе. Од неделата наваму се водат жестоки борби меѓу армиските единици на претседателот Кир и војниците лојални на поранешниот потпретседател на државата Машар.

Дипломати во седиштето на Организацијата на Обединетите нации во Њујорк соопштија дека во повеќедневните борби во Јужен Судан загинале најмалку 500 лица, а околу 800 се повредени.

„Во двете болници беа регистрирани околу 500 мртви лица“, ги пренесоа светските новински агенции изјавите на неименувани дипломати кои се повикуваат на исказите на водачот на мировната мисија на ОН, Херве Ладсоус, по затворената седницата на Собранието за безбедност посветена на за разгорената криза во Африка.

Тој додал и дека околу 800 лица биле ранети во борбите меѓу војниците лојални на претседателот Салва Кир и трупите лојални на опозицискиот водач Рик Мачар. Министерот за здравство на Јужен Судан изјавил дека најмалку 26 лица го загубиле животот во судирите на двете спротивставени страни кога во неделата се пресметувале во Јуба, главниот град на најмладата држава во светот, која во 2011 година прогласи независност од Судан.

Претседателот Салва Киир, облечен во војничка униформа, во понеделникот ја извести локалната телевизија дека силите лојални на поранешниот потпретседател Мачер нападнале воена база, но дека војската веднаш го неутрализирала нападот. Владата во Јуба соопшти дека десет водечки политичари се уапсени поради обид за државен удар. По Мачар е распишана потерница, бидејќи е обвинет дека го предводел обидот за пуч.

Од почетокот на судирите околу 16.000 лица побарале засолниште во зградата на ОН во Јуби, а бројот на лица кои ја напуштаат земјата постојано се зголемува.

Јужен Судан и покрај приходите од продажбта на нафта е една од најсиромашните и најслабо развиени земји во Африка.