1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блер – повлекување

Британскиот премиер Тони Блер својата оставка ја најави за 27 јуни годинава. Во неговиот изборен округ во Северна Англија, тој рече дека ќе ја предаде функцијата веднаш штом биде избран нов шеф на Лабуристичката партија. За најверојатен наследник на Блер се смета министерот за финансии Гордон Браун. Блер од 1997 година трипати едно подруго победуваше на изборите во земјата со што стана најуспешниот лабуристички политичар. Ја загуби поддршката поради војната во Ирак и големиот број скандали на неговите министри.