1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Блер ненајавено го посети Ирак

Британска подршла за ирачката влада. Малики им нуди место во армијата на поранешни офицери од времето на Садам Хусеин

Блер и Малики во Багдад

Блер и Малики во Багдад

Изминатите денови во Ирак требаше да бидат под знакот на помирување, но наместо тоа повторно доаѓаа вести за бомбашки напади, за откриени десетици тела на убиени во Багдад, за масовно грабнување. Токму во време на најновото масовно киднапирање во бирото на ирачката Црвена полумесечина, во Багдад во ненајавена посета дојде британскиот премиер Тони Блер. Обуката на ирачките безбедносни трупи и напорите да се издејствува од соседите на Ирак да ја прекинат натамошната подршка на милитантните групи беа теми на разговорот на Блер со ирачкиот премиер Нури ал Малики.

На прес-конференцијата по средбата Тони Блер изјави: “Ја потврдив нашата готовност да стоиме зад ирачката влада и ирачкиот народ, за да обезбедиме вашата демократија да не биде разорена од тероризам, секташтво, од луѓе кои порадо живеат во омраза, отколку во мир. Ние и натаму ќе ве подржуваме во напорите кои се важни за Ирак, за регионот и за остатокот од светот” – му порача британскиот премиер на својот ирачки домаќин.

Малики претходно со една национална конференција за помирување демонстрираше дека сака да постигне порамнување меѓу религиозните и етничките групи во својата земја. Притоа на поранешни офицери од времето на Садам Хусеин, кои, како што рече, сакаат да и’ служат на татковината, тој им понуди враќање во армијата, а на оние кои не можат да бидат вклучени им вети државна пензија. Малики рече дека владата прави разлика меѓу членовите на распуштената БААС-партија “кои не си ги извалкале рацете со крв” и оние кои извршиле срамни злосторства против своите сонародници.

Окупационите сили предводени од САД по навлегувањето во Ирак во 2003-та година ја распуштија тогашната армија, а од државна служба беа отпуштени десетици илјади членови на БААС-партијата. Многумина од нив, кои одненадеж останаа без работа, а во голем дел се сунитиски Арапи како и самиот Садам, посегнаа по оружје и се дел од отпорот против странските војници и новата ирачка влада во која доминираат шиитските Арапи. Сегашниот повик за промена на ставот предизвикува внимание оти токму премиерот Малики беше поборник за особено остра кампања за чистка на членовите на Баас.