1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блер – најава за оставка

Британскиот премиер Тони Блер порача дека наредната недела ќе се изјасни околу деталите на одамна најавената оставка. Во телевизиско интервју тој посочи дека ќе ја појасни неговата позиција. Истовремено Блер нагласи дека како наследник ќе и‘ го препорача на неговата Лабуристичка партија Гордон Браун. Блер најави оставка уште минатиот септември, но без конкретен термин.