1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Блер и официјално заминува од функцијата

*

Тони Блер денеска ја напушта функцијата премиер на Велика Британија, која ја презема Гордон Браун. Блер ќе и ја предаде својата одлука за повлекување на кралицата Елизабета втора. Поранешниот лидер на лабуристичката партија одлуката за своето повлекување ја соопшти во септември 2006 година. Кратко по примопредавањето на функцијата тој се очекува и официјално да биде именуван за специјален преставник на блискоисточниот мировен квартет. Инаку за време на својот мандат Тони Блер беше изложен на големи критики заради британското учество во воените операции во Ирак.