„Блеквотер“ ги отфрла обвинувањата | Вести | DW | 23.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

„Блеквотер“ ги отфрла обвинувањата

*

Американската приватна компанија за обезбедување „Блеквотер“ ги отфрли обвинувањата дека шверцувала оружје во Ирак. Сегашните обвиненија се без основа, изјави претставник на компанијата. Според медиумите, американското државно обвинителство веќе спроведе истрага против „Блеквотер“, а двајца поранешни вработени го признале делото.„Блеквотер“, компанија која се грижи за безбедноста на американските дипломати во Ирак во последно време е цел на критики откако нејзини вработени убија 11 цивили во Багдад.