1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Блатер ублажува, Германците и натаму бесни

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, ги релативизираше неговите изјави за нерегуларностите при доделувањето на организацијата на Светското првенство во 2006-та година на Германија. Критиките на негова сметка растат.

Во отворено писмо до „фудбалска Германија“, објавено во весникот „Билд“, претседателот на Светската фудбалска федерација Јозеф Блатер истакнува дека со неговата изјава сакал само јасно да укаже дека секогаш може да биде најдена некоја причина за да се стави под сомнеж исправноста на некоја одлука.

Тој појаснува дека на прашањето на швајцарскиот весник „Зонтагсблик“- зошто во врска со доделувањето на организацијата на наредните мундијали на Русија во 2016 и на Катар и во 2012 постојано се појавуваат обвиненија за корупција, укажал на тоа дека „обвиненија може да се покренат дури и за доделувањето на организацијата на СП во 2006-та година на Германија“.

Ендемична корупција во ФИФА

Во писмото до најчитаниот дневен весник во Германија, Блатер на „фудбалска Германија“ натаму и‘ објаснува дека при доделувањетo на организацијата на мундијалите може секогаш да се најдат причини „за да се распламтат разноразни теории на заговор, дури и во врска со Германија, која организираше перфектно првенство, летна бајка на која земјата може да биде горда“.

Инаку, Блатер во интервјуто за „Зонтагсблик“ на прашањето дали претпоставува дека организацијата на СП во Германија во 2006-та година би можела да биде купена одговори:„ Не јас ништо не претпоставувам, туку тврдам“ .

Блатер меѓутоа во писмото во „Билд“ тврди дека не верува во теории на заговор, туку само во факти: „Се’ додека нема конкретни докази дека при некое доделување на организацијата на СП се случило нешто погрешно, мора и треба да се верува во исправноста на изборот. Тоа важи за Германија исто како и за другите земји. Тоа е основната поента на мојата порака“, вели Блатер.

Неговите изјави за швајцарскиот весник „Зонтагсблик“, предизвикаа лутина кај многу германски фудбалски работници, па дури и кај политичарите.

Некои од нив дури се изјаснија на првиот човек на ФИФА да му биде одземен Сојузниот орден за заслуги, кој Германија му го има врачено на 76- годишниот Блатер.

„Сеп Блатер стои зад ендемична корупција во ФИФА. Докажано, и затоа треба да му се одземе Сојузниот орден за заслуги за Германија“, порача Рајнард Битикофер, портпарол на партијата на Зелените во Европскиот парламент.

Забошотување на корупцијата

FILE - The June 9, 2006 file photo shows FIFA President Joseph Blatter going for the ball during the countdown event for the soccer World Cup at the Allianz Arena stadium in Munich, southern Germany. Blatter feiert am Donnerstag (10.03.11) seinen 75. Geburtstag. Foto: Diether Endlicher/AP/dapd

Многу спортски работници и политичари во Германија сметаат дека со последните изјави Блатер се обидел да го оттргне вниманието и критиките на негова сметка за актуелната корупциска афера во Светската фудбалска федерација.

Првиот човек на ФИФА денеска (17.07) мора да даде објаснување пред Извршниот комитет на федерацијата за аферата со поткуп во која е вмешан неговиот претходник Жоао Авеланж и неговиот бразилски сонародник Рикардо Тешеира.

Швајцарското јавно обвинителство имено објави документи, според кои Авеланж има примено мито од 1,5 милиони швајцарски франци, додека членот на Извршниот комитет Рикардо Тешеира, делегат на бразилската фудбалска федерација, примил 12,7 милиони франци од маркетиншката компанија ИСЛ. Исплатата на паричните износи од фирмата, за Авеланж и за Тешеира биле давани во текот на деведесеттите години на минатиот век. Фирмата ИСЛ со седиште во Швајцарија банкротираше во 2001 година. Комерцијалните исплати, што сега се означува како комерцијален поткуп, во тоа време, во швајцарското правосудство не беа третирани како кривично дело.