1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Благодарност за „фантастичното време“

Во Берлин беше одржана свеченост (27.09.2012)по повод 30 годишнината од првиот избор на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол за канцелар на 1. октомври.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги истакна заслугите на поранешниот канцелар Хелмут Кол за германското обединување, како и за европското. На синоќешната свеченост во Берлин Меркел изјави дека Кол напиша дел од германската и европската историја. Тој порано од другите ги согледа знаците на историски промени во 1989. година и ја отвори вратата за германското обединување, стекнувајќи ја претходно довербата на меѓународните партнери, оцени Меркел.

Кол во краткиот говор се заложи за натамошно европско обединување.

„Да го искристиме времето, треба да продолжиме во напредувањето кон големата цел“, рече денес 82-годишниот Кол, кој по падот пред неколку години е во количка и само ограничено подвижен.

Старата реченица „Европа не смее никогаш повеќе да потоне во војна“ вчера во салата „повторно беше оживеана со нов дух“.

„Хелмут Кол соништата ги претвори во стварност - германското обединување и неповратниот процес на европскиот проект“, изјави поранешниот еврокомесар и италијански премиер Романо Проди. Сега на Европа и‘ требаат нови визии за обединувањето, зашто во ерата на глобализација Европа треба да им парира на амбициозните азиски земји. Германија притоа треба да биде „моторот“ на европските напори, смета Проди.

Повод за свеченоста беше 30 годишнината од првиот избор на Кол за канцелар на 1. октомври. Политичарот од Христијанско-демократската унија канцелар беше 16 години, во негово време Германија го доживеа обединувањето на поделената земја - Сојузна Република Германија и дотогашната Германска Демократска Република.