1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Благодарност за верноста

Американскиот претседател, Џорџ Буш престојуваше во Унгарија. Тој оди по стапките на неговиот татко, Буш сениор, кој во времето на пресврт, во 1989 година, беше првиот американски претседател што дошол во посета на Унгарија.

Џорџ Буш во Будимпешта

Џорџ Буш во Будимпешта

Во кусиот телефонски разговор, Џорџ Буш им посака среќа на играчите на американската репрезентација во фидбал пред средбата со Гана. Во полувремето, на ритчето Гелерт, со поглед на стариот град во Будимпешта и на брегот на Дунав, одржа говор за светската политика:

“Унагрија е пример за триумфот на слободата над тиранијата“, рече тој.

Во летото на пресврт, во 1989 година, неговиот татко Џорџ Буш сениор, беше во Будимпешта и тогаш потсети на бунтот во Унгарија во 1956 година и на крвавото задушување на бунтот од страна на советските војници:

“Тие тогаш го задушија бунтот, но не и желбата за слобода на Унгарија. Пораката од унгарската историја е јасна – слбоодата може да дојде подоцна, но никој не може да ја сопре. Желбата за слобода е универзална.“

Унагрија беше првата нација во Источна Европа која успеа да направи пресврт кон демократија, а денеска е членка на НАТО и ЕУ. САД и Унгарија заедно би го поттикнувале ширењето демократија во Југоисточна Европа.

Буш го истакна и унгарскиот придонес во заедничките акции во Авганистан и Ирак:

“Нашата цел е јасна – новата ирачка владаќе биде пример за спроведување демократија на Средниот исток.“

За разлика од многу други западно-европски земји, Унгарија ја поддржува политиката кон Ирак на американскиот претседател и неговата посета важи како награда за ваквата верност. Унгарскиот претседател, Солјом му порача на гостинот дека заедничките вредности како слобода, самоопределување и човекови права, мора да се застапуваат веродостојно. Во борбата против тероризмот мора да се почитува меѓународното право, рече унгарскиот претседател. По разговорите на Џорџ Буш со унгарскиот премиер Ѓурчани, пак, домаќинот нагласи: “Како европска земја се спротивствауваме на погрешната претстава дека Европа на една страна е отелотворение на моралност, а Америка на дуга страна на сила и ефикасност.“

Американскиот претседател, Џорџ Буш, доаѓа во Европа повторно веќе на средината на јули – на самитот на групата осум најразвиени земји, во Санкт Петерсбург.