1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Благодарност до Германија од авганистанската влада

Авганистанската влада и се заблагодари на Германија за испраќањето на извидничките авиони Торнадо во оваа земја.

Ангажманот на авионите е мерка во насока на обезбедување на мирот во Авганистан – изјави министерот за надворешни работи на оваа земја Дадфар Шпанта . Шесте германски авиони вчера пристигнаа во базата во Масир и Шариф на северот од Авганистан . Од наредната недела тие ќе бидат под команда на НАТО и ќе ги подржуваат меѓународните заштитни трупи во Авганистан , ИСАФ .Торнадата нема да учествуваат во борбени мисии туку само во извидувачки.