1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Благодарение на Геншер и на Олимпијадата

Германскиот печат опширно ја коментира одлуката на рускиот претседател Путин за помилување на поранешниот нефтен магнат Ходорковски, истакувајќи ја важната улога на поранешниот министер за надворешни работи Геншер.

Весникот Вестфален блат оценува оти клучна улога при ослободување на Михаел Ходорковски одиграл поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс Дитрих Геншер, кого го опишуваат како „доајен на меѓународната дипломатија“: „Топ дипломатот, како што се гледа, никогаш не делувал без согласност на ’своето’ министерство за надворешни работи. Очигледно е дека поранешниот шеф на дипломатијата веќе долго време е вмешан во работата. Дискретни чекори во полза на најголемиот противник на рускиот претседател никогаш не недостасувале. Хордорковски дојде во Берлин со приватен германски авион, што ја потврдува сликата за навидум невладина иницијатива. За сето тоа Владимир Путин не само што беше константно информиран, туку дури и индиректно учествуваше. Ходорковски, најголемата надеж на руската опозиција сега престојува во Берлин за да се сретне со своето семејство. А, потоа? Руската опозиција копнее за авторитет кој ќе ја обедини. Таквите визии Ходорковски ги изнесе во своите писмени белешки од затвор. Противниците на Путин со нетрпение ги чекаат следните сигнали на Ходорковски - од Берлин“.

Во текстот под наслов „Благодарение на Олимпијадата“, весникот Ное оснабрикер цајтунг оценува дека ослободувањето на Михаил Ходорковски има голема симболика, бидејќи поранешниот нафтен магнат и милијардер своевремено не само што бил најбогат човек во Русија, туку бил и најголем противник на Владимир Путин - силен борец за демократија и западно ориентирана Русија. „Ходорковски е повторно на слобода благодарејќи на својата меѓународна репутација, како и поради заложбите на поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс Дитрих Геншер.

Помилувањето на нафтениот магнат покажува оти притисокот врз руската влада може да има резултати. Ослободувањето меѓутоа најмногу е врзано за Зимските олимписки игри, кои на 7. февруари почнуваат во Сочи. Путин не сака ова угледно спортско случување да биде во сенка на гласните протести на активистите за човекови права. По доаѓањето на Ходорковски во Германија се поставува прашањето, дали тој воопшто некогаш повторно ќе биде политички активен во Русија. Би било пожелно. Со право сета недеж е свртена кон него поради итно неопходната изградба на цивилното општество во неговата земја. За тоа се потребни многу бестрашни луѓе како што е Ходорковски.“

Рајнише пост пишува оти сѐ уште многу работи не се јасни за точните околности на осободувањето на критичарот на Кремљ, Ходорковски. „Речиси сигурно изгледа дека пред сѐ Германците се оние кои ги влечеле конците за еминентниот противник на Путин, по 10 години поминати во затвор, конечно да биде ослободен. Сепак мораме да бидеме реални. Помилувањето на Ходорковски не може да се објасни со некое големо германско влијание врз Москва. Тоа исто така не е ниту некој хуманитрен чин, иако официјално како причина се наведува болеста на неговата мајка. Одлуката за помилување е политички важна за Путин. Критичарите повеќе не претставувааат закана за него, а Ходорковски повеќе не претставува маченик. За такво нешто како бизнисмен беше премногу бескрупулозен. Тој не е некој десидент кој поради своите демократски верувања се нашол во гулаг. Но, тој пред сѐ во странство стана симбол за бруталност со која власта во Русија се однесува кон оние кои ќе ѝ застанат на пат“.