1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Блага казна за израелскиот екс-премиер Олмерт

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт од страна на ерусалимски општински суд е осуден на условна казна затвор од една година поради проневера. Дали Олмерт се подготвува за политички „камбек“?

Освен условната затворска казна, Олмерт треба да плати и парична казна од околу 15 илјади евра. Според судот, во постапката е докажана помошта која Олмерт додека беше на функција министер за индустрија и трговија во периодот од 2003-та до 2006-та година му ја пружил на свој пријател адвокат да добие пари како државна поддршка. Поради обвинувањата Олмерт во септември 2008. година поднесе оставка од премиерската функција и лидерското место во партијата Кадима.

По изрекувањето на пресудата Олмерт изјави дека го напушта судот „со крената глава“ и ќе ги научи „неизбежните лекции“ од целата постапка.

Благата казна на 66-годишниот политичар му пружа шанса за политички „камбек“. Но, во судот во Тел Авив е во тек уште еден процес против Олмерт за земање мито при изградбата на станбениот проект Холиланд во Ерусалим.