1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Би средба помина...

Македонија смета дека Грција може да направи уште отстапки во спорот за името, додека Брисел упорно повторува дека без решение за овој проблем, Македонија ќе остане блокирана на евроатлантскиот пат.

default

Никола Груевски и Жозе Мануел Барозо во Брисел

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо вчера (02.12.09), по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел, ја повтори добропознатата европска порака до Македонија дека препораката за почеток на преговори е поттик за решавање на проблемот со Грција. Барозо ја повика македонската влада да се покаже како лидер во очите на европските лидери и на европската јавност.

„Кога дадовме препорака во октомври, исто така јасно рековме дека ова треба да се сфати како натамошен поттик за решавање на спорот околу името еднаш засекогаш. Сега

Belgien EU Jose Manuel Barroso stellt neue Kommission vor

Барозо бара Македонија да покаже политичка волја

имате шанса да им покажете на водачите на Европа дека имате политичка волја и начин за решавање на ова прашање и чувство за решавање на истото“, рече Барозо, додавајќи:

„Убеден сум дека сега има вистинска можност доколку има неопходна политичка желба и од двете страни за да се разреши прашањето и да се изнајде заемно прифатливо решение. Членството во ЕУ е најважната цел во надворешната политика за вашата земја, заедно со членството во НАТО. Го охрабрувам премиерот Груевски да го задржи темпото на исполнување на бенчмарковите.“

Од македонска страна - тонот многу поскептичен

Според премиерот Груевски, Грција може да направи отстапки, и треба да најде начин да не ја блокира Македонија пред почетокот на преговорите со ЕУ, туку да остави време за двата процеса одвоено – спорот за името и преговорите со ЕУ.

„Според правилата во ЕУ, грчката влада може да ја искористи можноста да не‘ блокира во кое било време. Имаат можност тоа да го сторат најмалку 70 пати за време

Mazedonischer Ministerpräsident Nikola Gruevski

Груевски смета дека Грција може да направи отстапки

на отворањето и затворањето на сите поглавја, како и на крајот, кога треба да се изврши предавањето на конечното решение за полноправно членство на нашата земја пред Парламентот. Има многу време за дискусии. Подготвени сме за интензивни преговори, но блокирањето навистина нема да помогне. Тоа блокирање во НАТО покажа дека истото поставува поцврста и поголема оддалеченост помеѓу двете земји наместо да не‘ зближи и да бидеме поотворени и попосветени во наоѓање решение.“

Се чини дека во канцеларијата на Барозо синоќа се водеше дјалог на глуви. Она што Брисел го бара сега и тука, Скопје не се брза да го исполни. Со оглед на последните изјави од грчка страна дека ни Атина не инсистира на брзо решавање на прашањето за името, не е тешко да се претпостави дека претстојниот седми декември нема да донесе датум за почеток на претпристапните преговори за Македонија. Останува да се види дали ЕУ членките воопшто ќе се осврнат на Македонија во финалните заклучоци.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска