1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

БиХ отвора нова истрага за падот на „Кингерот“

Босанските власти повторно ќе ја истражуваат авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски, членовите на неговата придружба и екипажот на авионот.

default

Во Босна и Херцеговина се отвора нова истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, врз основа на нови докази кои фрлаат нова светлина за причините за падот на „Кингерот“.

Ваква одлука донеле босанските власти, а информација, како што објави македонската телевизија „Алфа“ ја потврдил и Омер Кулиќ, шеф на комисијата за истражување на воздухопловни несреќи при Министерството за транспорт и врски на Босна и Херцеговина.

Во македонското Министерството за транспорт и врски, како надлежно за спроведување истраги за воздухопловни несреќи, и во МВР, велат дека се уште не добиле официјална информација од босанските власти за отворањето нова истрага.

Укажуваат дека ресорните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска во контактите со нивните босански колеги имаат побарано да се отвори нова истрага за падот на „Кингерот“ имајќи предвид нови сознанија за несреќата.

Според најавите од босанските власти, решението со кое се отвора нова истрага ќе биде испратено во Македонија за неколку дена.