1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

БиХ неподготвена за влезот на Хрватска во ЕУ

Од 1. јули 2013. Босна и Херцеговина на две третини од својата граница ќе има нов режим на движење на луѓето, стоките и услугите, за кој, според аналитичарите не е во целост подготвена.

Како што неподготвена влезе во ЦЕФТА (Централноевропската спогодба за слободна трговија) Босна и Херцеговина според оценката на аналитичарите на 1. јули 2013. година би можела неподготвено да го дочека и влегувањето на Хрватска во Европската Унија.

Поради неприлагодените стандарди многу претпријатија во БиХ би можеле да останат без важниот хрватски пазар. Според податоците на Надворешно-трговската комора на БиХ, земјата досега во Хрватска и земјите од ЕУ извезувала производи од растително и животинско потекло во вредност од околу 400 милиони конвертибилни марки годишно.

Аналитичарот на Надворешно-трговската комора, Дуљко Хасиќ тврди дека Хрватска е најважниот трговски партнер на БиХ и дека и покрај доцнењето се’ уште има време за промена на режимот на трговија со таа земја. Но, време има се помалку и властите треба да се насочат кон приоритетите, истакнува Хасиќ.

Усвојување на европските стандарди

Marktplatz in Banjaluka Bosnien und Herzegowina

Пазар во БиХ

„БиХ меѓудругото , треба да ги задоволи стандардите на Европската унија за акредитација и сертификација на производите. Во таа област нашата земја не го има достигнато соодветното ниво. од другастрана БиХ мора да ги опреми граничните премини за производите од растително и животинско потекло“, тврди Хасиќ

Со оглед дека за таа намена засега се планирани само два гранични премини (Градишка и Метковиќ), аналитичарите предупредуваат дека би можело да дојде до зголемување на трошоците за превоз, преоптоварување на лабараториските капацитети на граничните премини и забавување на транспортот на чувствителни производи.

„Влезот на Хрватска во ЕУ не мора да биде негативен за БиХ. Тоа е голема поволност за производителите од БиХ поради царинските ограничувања на производите кои ќе доаѓаат од Хрватска, првенствено тутунските преработки, некои млечни производи како и за месото и месните преработки“, вели Хасиќ.

Хрватска и Босна и Херцеговина годишно остваруваат трговска размена во вредност меѓу 1,5 и 2 милијарди евра. Со влезот на Хрватска во ЕУ и нејзиното излегување од ЦЕФТА ќе се промени и деловното опкружување во регионот а наместо со Загреб, Сараево главните спогодби ќе ги договара со Брисел.

Влезот на Хрватска во ЕУ може да биде и мотивирачки фактор за БиХ

„Институциите во Босна и Херцеговина затоа настојуваат да ги ублажат можните негативни последици од влегувањето на Хрватска во ЕУ, а заедничката европска акредитациска куќа веќе изврши проценка на акредитациската куќа на БиХ - БАТА (институт за акредитација на БиХ)“, вели претседателот на Стопанската комора на Федерацијата БиХ, Јаго Ласиќ.

„Очекуваме конечната оценка да биде завршена до крајот на годинава и дека мултилатералните договори за меѓусебно признавање на акредитациските куќи ќе биде извршено во првата половина на 2013. година, што би требало значително да ни ја олесни размената на стоки’, вели Ласиќ.

Влезот на Хрватска во ЕУ би можел да биде мотивирачки фактор за БиХ која би требало да ја усогласи законската регулатива и стандарди со европските ако сака и натаму да смета на хрватскиот односно пазарот на Европската унија. Ако тоа го направи бргу , БиХ , според проценките на екпертите и самата побрзо ќе се движи кон членство во Европската унија.