1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

БиХ живее од парите од дијаспората

Две милијарди американски долари годишно се слеваат во БиХ од финансиски уплати од дијаспората. Се проценува дека оваа бројка е значително повисока, бидејќи голем дел од парите во БиХ не доаѓаат преку банките.

Босна и Херцеговина (БиХ) е меѓу петте земји во светот по висината на финансиски трансфери од дијаспората во сооднос со БДП. Дури две милијарди долари секоја година влегуваат во БиХ само преку банките, а се проценува дека најмалку уште толку доаѓаат по други основи.

Намик Алимајсторовиќ со години работи во Велика Британија и на семејството редовно му испраќа пари. „Никогаш не сум испратил пари преку банка. Обично тоа се одвива преку пријатели, возачи. Никој никогаш не прашал, на пример, колку готовина внесува еден автобус од Германија“.

Bosnische Küche in Houston (USA) - Bosnisch-herzegowinische Diaspora

Многумина кои живеат во дијаспората редовно испраќаат пари дома

Алимајсторовиќ е член на Светскиот сојуз на дијаспората на БиХ, која со години меѓу другото се залага за поголемо инвестирање во БиХ. Меѓутоа, како што вели тој, проблем претставува што Босна и Херцеговина е посебна земја: „БиХ е меѓу најкорумпираните земји во светот и како од некого да се бара да вложува во толку корупмпирана економија и толку отежнати услови на работење и таква даночна политика? Верувајте, дијаспората не е врзана емотивно да ги вложува парите, парите се вложуваат според економски резони“.

Таков резон во БиХ нема. Нема, бидејќи надлежните институции располагаат со воопштени податоци за тоа дека околу еден милион и 400 илјади лица, кои водат потекло од БиХ, живеат вон земјата, што е една третина од населението. Во Министерството за човекови права и бегалци на БиХ изразуваат жалење што десетици службеници, кои се платени од даночните обврзници, не се во состојба да одговорат на прашањата на ДВ на оваа тема: „Помошничката на министерот е единствено задолжена за изјави за медиумите. Во моментов е на боледување. Навистина ми е жал што некој од нас се разболелел во време кога ви треба изјава“.

БиХ живее од парите од странство

Но, затоа постојат многу меѓународни организации кои ионака веќе со години ги вршат работите на домашните власти.

Во Меѓународната организација за миграција проценуваат дека уплати од околу две милијарди годишно стигнуваат во БиХ, но и дека има голема сума на пари која не е регистрирана, односно пари кои не се трансферирани преку банките.

„Ако ги споредите состојбата на стопанството во БиХ и стандардот на живот на луѓето, тогаш можете да заклучите, како што е на пример во Србија, дека голем дел парични средства доаѓа од надвор, а не е заработен во БиХ. Голем број семејства, што ќе покаже и новиот попис, имаат некој, кој е во странство и кој им помага“, вели Алма Шуње од Меѓународната организација за миграција.

Меѓутоа загрижува дека висината на средствата опаѓа, во споредба со претходните години, на што предупредуваат економистите. За граѓаните на БиХ може да биде погубно дека тие пари некогаш ќе ги снема, вели економистот Светлана Цениќ: „Тие луѓе издржуваат добар дел од населението.Тоа е она, што ние честопати се прашуваме како преживуваме. Се испраќа за да се преживее - и како ќе го насочите тоа во било што?! Сите тие се поединечни уплати. Тоа покажува каква држава сме и оти не ни е многу грижа дека живеме од тоа, мислејќи дека тоа ќе биде вечно“.

Што е дијаспора?

Nail Osmancevic Journalist Bosnien und Herzegowina

Наил Османчевиќ

Во изминатите години парите испратени од странство изнесуваа и преку 25 проценти од БДП, што зборува за тоа дека, иако се работи за висок удел, овој процент на паричен прилив од дијаспората има тенденција на опаѓање.

Во последно време се’ повеќе се зборува за можноста за формирање министерство за дијаспора, но според мислењето на многумина тоа не би донело ништо ново: „Министерството за дијаспора би се претопило во другите министерства и би имало мал простор за делување“, смета Наил Османчевиќ, публицист и член на Здружението на граѓаните-повратници од Бањалука.

Во БиХ има и недореченост за тоа дали дијаспората ја претставуваат само луѓе кои во 60-те години на минатиот век заминале од БиХ, или во таа категорија спаѓаат и бегалците од БиХ од последната војна. Околу ова прашање не можат да се усогласат ни многубројните здруженија на иселениците од БиХ, што зборува за тоа дека и меѓу нив не постои единство, оти и тие главно функционираат на национална основа.