1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

БиХ достави барање за екстрадиција на Кељменди

Еулекс на Косово потврди дека примил барање од Бoсна и Херцеговина за екстрадиција на Насер Кељменди, кој се наоѓа во едномесечен притвор на Косово.

default

Мисијата на ЕУ во Косово, Еулекс, од институциите во Бoсна и Херцеговина прими барање за екстрадиција на Насер Кељменди во оваа земја, потврди за агенцијата Фена портпаролката на Еулекс Ирина Гудељевиќ. Таа додаде дека барањето за екстрадиција на првоосомничениот во случајот „Кукла“, кој се товари за тешки кривични дела во БиХ, било проследено до Министерството за правда на Косово.

„Службениците на Еулекс кои се наоѓаат во Министерството за правда можат да асистираат во контакт меѓу релевантните актери, во овој случај властите на БиХ и косовското Mинистерство за правда, но Еулекс во рамките на косовските закони нема мандат да израчи ниту еден граѓанин на Косово“, потсети Гудељевиќ.

Таа истакна дека за прашањето за евентуално израчување на Кељменди ќе одлучи надлежното косовско министерство.

„Сите натамошни прашања во врска со екстрадицијата на Кељменди требаат да бидат упатени на косовското Министерство за правда бидејќи нашиот мандат е исполнет со тоа што што го проследивме барањето кое го добивме од властите на БиХ“, заклучи Гудељевиќ.

Општинскиот суд во Приштина му одреди едномесечен притвор на Насер Кељменди, на барање на обвинителот на Еулекс. Кељменди е осомничен за организиран криминал и убиство на Рамиз Делиќ.