1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Битка на добра надеж: перспективата на Египет

Египетската реалност не е розова: две завојувани страни, мртви и заробени. Лоши изгледи за добра иднина? Двајца експерти за Дојче Веле зборуваат за можностите на понатамошниот развој на настаните во таа земја.

На почетокот на 2011 година во Египет стигна таканаречената „Арапска пролет“. Набрзо потоа, од власт е симнат после 30 години диктаторско владеење, претседателот Хосни Мубарак. Следеше победа на Муслиманските браќа на изборите, потоа воен пуч против претседателот Мохамед Мурси, што беше поддржан од поголемиот дел од граѓаните, па повторно демонстрации и конфликт. Привремената влада ги отстрани камповите на исламистите, а последица од тоа беа стотици мртви: на едната страна војската, на друга Муслиманските браќа. Исламистите повикаа на таканаречен „гневен петок“, на кој одзивот беше зачудувачки мал. Што понатаму ќе се случува во Египет?

Кои ќе бидат понатамошните чекори на моќната војска?

Ägypten Kairo am 30. August 2013

Одзивот на „гневниот петок“ беше зачудувачки мал

Политикологот од Берлинскиот Универзитет Хамад Ел-Аоуни смета дека ситуацијатата во Египет ќе се стабилизира со помош на египетските воени и безбедносни сили. Цилија Хардерс, професорка по политикологија и претседател на работната група „Политиката на Блискиот Исток“ на Берлинскиот Универзитет, истакнува дека по повеќе брутални месеци, многу Египќани со нетрпение ја исчекуваат стабилноста во земјата. Професорката Хардерс смета дека војската не може вечно да продолжи со употреба на сила против исламистите: „Кога другата политичка сила на својот грб ќе почне да чувствува репресија, свирепата војска ќе почне да ја губи поддршката. „Војската има можеби уште три месеци време да го обезбеди тоа што го вети: сигурност и стабилност,“ додава Хардерс.

Што ќе биде со Муслиманските браќа?

А што ќе биде со Муслиманските браќа? Професорот Ел-Аоуни смета дека тие не се веќе во состојба да мобилизираат голем број на луѓе. „Нивното раководство е делумно во затвор и нивната база се повеќе губи на значење. И тоа е многу важно за египетската влада“.

Ägypten Mohammed Mursi

Воениот пуч против претседателот Мохамед Мурси беше поддржан од поголемиот дел од граѓаните

Професорката Цилија Хардерс верува дека острите репресии и големата јавна кампања против Муслиманските браќа поколебале многу поддржувачи, кои само до пред една година веруваа дека ја избрале легитимната и праведна партија. Таа смета дека Браќата сега би требало привремено да се повлечат од сцената, како што беше случај со претходните диктатури: „Можно е Муслиманските браќа, по една пократка пауза, повторно да се обидат интензивно да мобилизираат луѓе, земајќи ја во обзир употребата на насилство, бидејќи војската на сето тоа без сомневање ќе одговори со сила“.

Професорот Ел- Аоуни смета дека тоа укажува на мирен расплет на ситуацијата: „Ситуацијата ќе почне полека да се стабилизира. Среднорочно, Египет ќе успее навистина да го приведе кон крај демократскиот процес, како и да ја ослободи земјата од тоталитарните идеи од ерата на Мурси“.