1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Битка за последните места во нокаут фазата

Во фудбалската Лига на Шампиони денеска и утре ќе се водат решавачките битки за пласман во осминафиналето на натпреварувањето. Дел од фаворитите веќе го обезбедија пласманот.

Со натпреварите од 6.коло, денеска (10.12) ќе заврши правата фаза од натпреварите во Лигата на шампиони, во групите А, Б, Ц и Д. Пласман во осминафиналето веќе имаат обезбедено Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Бајерн Минхен и Манчестер Сити.

Бајер Леверкузен и Шахтјор се борат за второто место во А групата, нешто полесна задача ќе имаат Германците кои му гостуваат на Реал Сосиедад. Во пресрет на последното коло, Шахтјор има бод повеќе од Леверкузен.

Галатасарај и Јувентус во директен дуел ќе решат кој покрај Реал ќе оди во нокаут фазата, од Б групата. Галатасарај само со победа оди во следната рунда, додека на Јувентус му одговара и нерешен резултат.

Олимпијакос и Бенфика од Ц групата, во последната рунда влегуваат со ист број на бодови, грчкиот шампион е во подобра положба бидејќи во последното коло ќе го пречека Андерлехт.

Во Д групата уште пред две рунди е познато дека Бајерн и Манчестер Сити одат во осминафиналето, а интересен ќе биде дуелот во Плзен, помеѓу Викторија и ЦСКА Москва, кој ќе реши која екипа ќе продолжи во Лига Европа.

Група А

Ман.Јунајтед-Шахтјор

Реал Сосиедад-Баер Леверкузен

Табела: Ман. Јунајтед 11, Шахтјор 8, Баер 7, Сосиедад 1

Група Б

Копенхаген-Реал Мадрид

Галатасарај-Јувентус

Табела: Реал 13, Јувентус 6, Галатасарај 4, Копенхаген 4

Група Ц

Бенфика-ПСЖ

Олимпијакос-Андерлехт

Табела: ПСЖ 13, Олимпијакос 7, Бенфика 7, Андерлехт 1

Група Д

Баерн Минхен-Ман. Сити

Викторија Плзен-ЦСКА Москва

Табела: Баерн 15, Ман.Сити 12, ЦСКА 3, Викторија 0.