1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Битката на нерви за иднината на Египет продолжува

Дванаесетти ден по ред илјадници луѓе во центарот на Каиро демонстрираат против египетскиот претседател Хосни Мубарак. Тој, пак, денеска (05.02) демонстративно покажа дека се’ уште е на чело на државата.

default

Египетскиот претседател Хосни Мубарак, за првпат по истекот на ултиматумот на опозицијата за негово заминување од функцијата, се појави во јавноста. Тој изутрината одржа средба со членовите на новата влада што ја назначи минатата недела, откако беше распуштена старата влада и беше назначен нов премиер и потпретседател на државата со цел да се смират граѓаните. Но, и по 12 дена, тоа не се случува.

На плоштадот Тахрир мирно

Демонстрантите не се откажуваат. И денеска илјадници противници на режимот на Мубарак од плоштадот Тахрир, во центарот на Каиро, бараат негова итна оставка.

Symbolbild Barack Obama und Husni Mubarak - Thema USA därngen auf Wende

Обама (л.) го повика Мубарак (д.) да го слуша гласот на народот

Состојбата на протестите е мирна и релаксирана, известуваат светските агенции. Инаку, на вчерашните големи протести по традиционалните муслимански молитви, немаше позначајни инциденти, освен спорадични тепачки меѓу поддржувачите и противниците на Мубарак на страничните улици кои водат кон плоштадот Тахрир.

Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама повторно апелираше до египетските власти веднаш да започнат процес на политичка транзиција.

Демантиран извештајот за обид за атентат врз Омар Сулејман

Обама порача дека целиот свет ги гледа случувањата во Египет и нагласи дека кризата нема да биде решена со насилство.

„Јас верувам дека претседателот Мубарак се грижи за својата земја. Затоа тој треба да го слуша гласот на египетскиот народ и да донесе одлука за идните чекори за патот напред, кој мора да биде уреден, осмислен и сериозен“, рече Обама. Но, Обама повторно експлицитно не кажа дали смета дека Мубарак треба веднаш да замине од власт или да почека одржување вонредни избори.

Инаку, денеска, светската јавност беше вознемирана од непотврдениот извештај дека бил извршен обид за атентат врз потпретседателот на Египет, Омар Сулејман. Американската телевизија „Фокс њус“ јави дека притоа загинале двајца негови телохранители. Меѓутоа, египетските безбедносни кругови го демантираа тоа.

Автор:СН/ЕМФ/ртре/дпа/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема