1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Битката за плоштадот Тахрир продолжува

На централниот плоштад во Каиро денеска (03.02) повторно има спорадични судири меѓу приврзаниците и противниците на египетскиот претседател Хосни Мубарак. Осуда за вчерашното насилство пристигнува од целиот свет.

default

Плоштадот Тахрир денеска

И денеска плоштадот Тахрир во центарот на Каиро е сцена на насилство. За разлика од вчера, меѓутоа, судирите меѓу противниците на режимот на претседателот Мубарак и неговите поддржувачи се со далеку помал интензитет. Сепак, битката за контролата на плоштадот со фрлање камења и спорадични тепачки меѓу припадници на двете страни продолжува.

Египетските војници, кои на почетокот на денот ги раздојуваа двете страни и ги притиснаа наназад поддржувачите на Мубарак во обидот да го запрат насилството, подоцна запреа да го прават тоа и овозможија повторно двете страни да дојдат во директен контакт. Светските агенции јавија и за истрели од огнено оружје на плоштадот, меѓутоа се’ уште не е јасно кој ги истрелал.

Премиерот Шафик двапати се извини за насилството

Инаку, судири кои избија во текот на вчерашниот ден продолжија и во текот на целата ноќ. Во нив, според информациите кои ги пренесоа агенциите, најверојатно

Ägypten Unruhen in Kairo Panzer schützen Demonstranten

има и петмина мртви и повеќе стотици повредени. Странските набљудувачи во Египет речиси се сигурни дека провокаторите на протестите се ангажирани од режимот на Мубарак.

Египетскиот премиер Ахмед Шафик утрината се извини за насилството, а попладнево уште еднаш го повтори извинувањето. Тој уште изјави дека ќе има истрага за крвавите судири на плоштадот во Каиро. Премиерот Шафик порача дека е подготвен да оди на плоштадот Тахрир и да разговара со анти-владините демонстранти.

Инаку, властите во Египет соопштија дека започнале дијалог со претставници на анти-владини демонстранти, меѓутоа главната опозициска коалиција негираше дека е во преговори, додавајќи дека со власта преговараат шест помали групи.

Осуда за насилството

Портпарол на Националната коалиција за промени што се формираше околу Мохамед ел Барадеј отфрли дека е можен каков било дијалог пред повлекувањето на Мубарак, а слични пораки упатија и други опозициски движења. Тие имаат поддршка од демонстрантите на плоштадот Тахрир:

„Оваа револуција нема само да го собори режимот.

Kairo Tahrir Platz Platz der Befreiung am 02.02.2011

Станува збор за нашето човечко достоинство. Ни‘ треба правда и мораме да ги казниме оние кои на овој плоштад извршија грзоморни злосторства“ , порачува еден од демонстрантите.

Во меѓувреме, осуди за вчерашното насилство на плоштадот Тахрир пристигнуваат од целиот свет. Попладнево реагираше и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, кој ги повика сите страни на воздржаност. Бан уште истакна дека насилните напади врз мирните учесници на протести се целосно неприфатливи, додавајќи дека е од исклучителна важност да се спроведе итна мирна транзиција во Египет. Во заедничка декларација и лидерите на Франција, Германија, Велика Британија, Италија и Шпанија, денеска исто така порачаа дека процесот на пренос на власта во Египет треба да почне под итно, што ќе овозможи да се надминат искушенијата пред кои денеска е исправена земјата.

Петте лидери остро ги осудија сите оние што повикуваат или користат насилство, кое само може да ја продлабочи политичката криза.

Автор: СН/ЖА/ртре/афп/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема