1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Битката за општините тргна жестоко

Жестока и остра кампања навестува стартот на партиските промоции за локалните избори во Македонија закажани за 24 март. Изборните машинерии уште во предизборната кампања започнаа под полна пареа.

default

Власта традиционално од Охрид, опозицијата од нивниот “бастион“ Струмица, испратија јасни пораки дека битката за општините е клучна за иднината на земјата. Со меѓусебни дискфалификации од типот кој знае, а кој не, кој работи за народот, а кој против него, кој ветил, а не реализирал, лутите политички ривали ги отворија картите.

Пред неколку илјади симпатизери од цела Македонија премиерот Никола Груевски од Охрид порача дека претстојните избори се референдум за иднината. Политичките противници според него допрва ќе видат што значи народ и која е моќта на народот, што значат митинзи, енергија верба во принципи и вредности што е препознатлива разлика меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ:

„Доста ги слушавме политичките противници како не омаловажуваат, како се закануваат, како одработуваат туѓи и срамни агенди и ја коцкаат честа на нашата татковина. Да покажеме што значи нашата идеја и колку ни значи Македонија. Следните избори се референдум и зависат од секој од нас. Македонија е во прашање, нејзината иднина и нејзината идеја се пред нас. Пред нас е важна политичка битка, затоа изберете програми и дела, Македонија се сака со дела“ рече Груевски кој најави 72  изборни програми, со конкретни 10 илјади главно економски проекти.

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во Струмица обзнани дека опозицијата го прекинала бојкотот бидејќи премиерот Груевски ветил дека до јуни ќе го реши спорот со Грција како услов Македонија на самитот на ЕУ да добие датум за почеток на преговорите. Предвремени избори според него ќе има, а датумот мора да биде познат најдоцна до први септември: :

„Токму поради оваа причина, опозицијата го прекина бојкотот и затоа датумот за предвремени парламентарни избори мора да биде познат после јули а најдоцна пред почетокот на септември. Нека шири колку сака едни лаги пред странците, други пред домашната јавност, предвремени парламентарни избори во Македонија ќе има. Груевски и фамилијата ќе бидат поразени и засекогаш ќе бидат испратени во срамниот дел од македонската историја“, рече Црвенковски.

Албанските партии стартуваа од Тетово

Жестоко ќе биде и во блокот партии на Албанците во Македонија. Предизборните промоции на двете најголеми, ДУИ и ДПА стартуваа од Тетово каде очигледно ќе се води клучната битка. ДУИ со кандидатот Теута Арифи, ДПА со актуелниот градоначалник Сади Беџети.

„Сите знаеме дека Тетово не е како што треба и тука ништо не функционира. Тука владее анархија и општината е во долгови. Но, нема ништо посилно од волјата

DPA Wahlkampagne

Митинг на ДПА во Тетово. фото: архива

на една мајка. Сега на Тетово му треба Теута. Ние сите сме горди за нашата заедничка инвестиција. Теута се симна од висока позиција и целата своја енергија сега ќе ја употреби за доброто на Албанците кои живеат во овој град, рече лидерот на интегративците Али Ахмети.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вети победа и пораз на политиката што ги загрозува правата на Албанците:  „Вие навистина не поддржувате нас, но треба да знаете дека со вашата поддршка корист имаат и Албанците во Битола, Охрид, Преспа и на други места што се опфатени со нашата голема идеја. Кандидатот на ДУИ за Тетово не е жена, туку чиновник во Владата. Тие наместо да ги бараат виновниците што тепаат деца велат дека ние сме ги организирале протестите. Велат дека нема вода во Тетово, но вода нема ниту во Липково, Сарај, Теарце, Желино, Брвеница, Струга и во сите места населени со Албанци каде тие не прават ништо за тоа, рече Тачи.

Кампањата за шестите локални избори во независна Македонија ќе трае до 22 март. Ќе се бираат градоначалници и советници во 84 општини од кои десет се во Скопје како посебна единица на локална самоуправа. Во избирачкиот список за гласање на изборите се запишани вкупно 1.743.403 лица.