*
Новообединетата левица во Германија го заврши основачкиот конгрес во Берлин. За лидери на Партијата на левицата се избрани досегашниот шеф на ПДС, Лотар Биски и поранешниот шеф на СПД, Оскар Лафонтен. Со 72 000 члена сега новата партија е трета по големина во земјата. Партијата на левицата доби остри критики од останатите политички фактори во земјата. Лидерот на либералите Гидо Вестервеле изјави дека тие се закана за земјата. Баварскиот министер за внатрешни, Гинтер Бекштајн изјави дека партијата треба да биде набљудувана од службата за заштита на Уставот.