1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бисерот на Карипските острови - пропадната држава

Мнозинството од населението на Хаити живее во најголема сиромаштија, а во земјата владеат насилство и политички хаос. Многумина денес зборуваат за Хаити како за пропадната држава.

default

Џипот на свештеникот Пер Тусан се труска по камењата, се ниша движејќи се по патот со дупки до колена, низ грмушки и треви. Овде, на северот на Хаити, откако есента 2008 година низ земјата мина силниот ураган, одвај дека има по некоја асфалтирана улица. Тогаш беа уништени мостови, урнати беа куќите, загинаа или се водат за исчезнати стотици луѓе, ја раскажува Тусан тогашната состојба. Свештеникот вели дека земјата ги доживеала едни од најтемните моменти во својата историја.

По не долго време, сега уште една катастрофа. Земјотресот разурна куќи, плехот и чакалот под себе поклопија којзнае колку луѓе. Хаити не беше подготвена на вакво нешто. Кај соседот, Доминиканската Република, штетите по вакви природни катастрофи во повеќето случаи не се толку страшни. Причината за тоа Тусан ја држи в раце - „...парче јаглен.“

Живи се само еден процент од некогашните шуми

Haiti Grüne Wälder prägen Haitis feuchte Südwestküste bei Port Salut

Шумите се сечат безмилосно за огрев и за да се заработи по некоја пара

Хектари шуми на Хаити се сечат за да се добие јаглен со кој се готви или со кој се заработува некоја паричка. Тоа има уништувачки последици. Денес, во земјата егзистира само еден процент од некогашните шуми. Државата е преслаба за да спроведе забрана за сечење на шумите, како и во случаите со многу други закони. Хаити е она што многумина го нарекуваат пропадната држава.

Светската заедница посматра беспомошно, вели експертот на хуманитарната организација „Адвенијат“, Михаел Хун: „Еден човек од Хаити еднаш ми рече: ако Хаити пропадне под морската површина, тоа ќе биде штета за луѓето на Хаити, но за светот ќе биде апсолутно неважно.“

На Хаити има само сиромашни

Зашто Хаити не поседува важни суровини и таму нема стратешки интереси. Таму има само сиромашни луѓе, и тоа и покрај тоа што Хаити некогаш беше најбогатата колонија преку океанот и првата земја на Латинска Америка што се прогласи за независна во 1804 година. „Во Хаити од основањето владееше постојано клан на богати и моќни, кои се обогатиле врз грбот на населението - прво големопоседниците, а подоцна воените диктатори. Тие живееја од супстанцата, наместо да ја развиваат земјата.“

Haiti Flughafen Erdbeben Menschen Evakuierung

Во Хаити има само сиромашни луѓе

Ако граѓаните на Хаити нешто научиле од својата историја тоа е тоа дека политиката служи само за самобогатење. Владата, полицијата и правосудството не функционираат и откако долгогодишниот диктатор Аристид беше приморан да побегне од земјата во 2004 година, Хаити потона во анархија. Затоа, ОН на 1 јуни 2004 година во Хаити испратија над седум илјади сини шлемови со задача да ја стабилизираат земјата.

„Не можеме да останеме вечно“

„Овде сме над пет години и стабилизирање значи дека ние се грижиме за правна држава, за тоа да функционираат полицијата и правосудството, за тоа да се почитуваат човековите права и границите да бидат безбедни. Тоа се наши задачи“, објаснува потпаролот на мисијата на ОН, Дејвид Вимхарст и додава: „Ние не можеме да создадеме работни места или да ја поттикнеме економијата. Тоа се задачи на други. Ние создаваме предуслови за инвестиции. Тоа е критичната точка. Ако тука ништо не се случи, ако екстремната сиромаштија остане и натаму, тогаш Хаити можеби повторно ќе биде втурната во хаос. Мировништвото е временски ограничено, ние не можеме да останеме вечно.“

Автор: Ина Ротшајд / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM