1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бин Ладен убиен без знаење на властите во Исламабад

По ликвидацијата на Осама Бин Ладен, не стивнуваат реакциите во светот. На виделина излегуваат детали од акцијата на американските командоси, а се‘ појасно е и дека пакистанските власти немале поим за операцијата.

Куќата во Аботабад каде што се наоѓал Осама Бин Ладен

Куќата во Аботабад каде што се наоѓал Осама Бин Ладен

САД потврдија дека операцијата насочена кон Осама Бин Ладен во градот Аботабад била изведена без знаење на пакистанските власти и дека нивната првична цел била да го фатат жив првиот светски терорист. Вашингтон се сомнева дека Бин Ладен можел да живее цели пет години во срцето на Пакистан, во град во кој се сместени бројни воени објекти без знаење, или дури и поддршка на властите во Исламабад.

Се‘ уште има различни верзии за убиството на Бин Ладен

Се‘ уште има различни верзии за убиството на Бин Ладен

„Мислам дека е невозможно Бин Ладен да немал некаков систем на поддршка во државата која му дозволила да престојува таму толку долг период. Не би сакал да шпекулирам околу тоа каков вид на поддршка добивал од официјалните власти во Пакистан, но ние сме во постојан контакт со тамошните власти и ги истражуваме сите можни опции“, изјави анти-терористичкиот советник на американскиот претседател Барак Обама, Џон Бренан.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари ги отфрли шпекулациите дека безбедносните сили во неговата земја го помагале Бин Ладен. Во авторски текст во весникот „Вашингтон пост“, Зардари ги оцени како шпекулации без основа таквите информации, кои „не ги одразуваат фактите“. Но медиумите во неговата земја, во денешните изданија остро ги критикуваат властите поради неуспехот да го откријат Бин Ладен. Водечките весници пишуваат дека е шокантно тоа што водечкиот светски терорист живеел на 50-ина километри од главниот град Исламабад толку долго без да биде откриен, и оценуваат дека целата епизода е срамна за Пакистан.

Целата операција во живо од канцеларија во Белата Куќа ја следеле американскиот претседател Обама и неговите најблиски соработници

Целата операција во живо од канцеларија во Белата Куќа ја следеле американскиот претседател Обама и неговите најблиски соработници

Се‘ уште се контроверзни информациите за убиството на Бин Ладен. Американски претставници дадоа спротивставени верзии за неговата смрт. Според првата верзија, Бин Ладен бил убиен откако земал како заложник една од своите сопруги и притоа пукал врз специјалните сили. Според втората, лидерот на Ал Каеда бил убиен со два куршуми, во градите и во челото и притоа не успеал да возврати на огнот.

Советникот Џон Бренан изјави дека командосите имале задача да го фатат жив Бин Ладен, но само доколку самиот би се предал. Инаку, целата операција во живо од канцеларија во Белата Куќа ја следеле американскиот претседател Обама и неговите најблиски соработници.

Автор: БГ/дв/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM