1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бин Ладен не бил вооружен при акцијата на САД

САД соопштија дека Осама Бин Ладен не бил вооружен при нападот врз неговото скривалиште. Признанието, кое се коси со претходните верзии на настанот, отвора дебати за акцијата, но и за одлуката за ликвидација на Бин Ладен

Белата куќа потврди дека Бин Ладен не бил вооружен

Белата куќа потврди дека Бин Ладен не бил вооружен

Белата куќа синоќа потврди дека лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, не бил вооружен кога американските командоси го нападнаа неговиот имот во Пакистан, но пружил отпор пред да биде застрелан. Бин Ладен бил погоден во главата и градите. Една од сопругите на Бин Ладен нападнала командос, при што и таа била погодена во ногата, но не била убиена како што се тврдеше во вчерашната изјава на претставник на Белата куќа.

Спалната соба на Бин Ладен

Спалната соба на Бин Ладен

Според претходната верзија на настаните на американски претставници, специјалните сили имале наредба да го фатат жив Бин Ладен, но наишле на отпор.

„Постоеше загриженост дека Бин Ладен ќе се спротивстави на апсењето, и навистина тоа и се случи. Во собата, неговата жена нападна еден од командосите и беше застрелана во ногата, но не и убиена. Потоа беше убиен Бин Ладен. Тој не беше вооружен“, изјави портаролот Џеј Карни. Тој одби да објасни или да даде детали за начинот на кој Бин Ладен им се спротивставувал на американските елитни единици.

Контроверзи

Признанието на Белата Куќа се заканува да прерасне во контроверзна тема и дополнително да ги искомплицира односите на САД со муслиманскиот свет. Повеќе јавни личности во Европа и Германија веќе го осудија ваквиот чин на ликвидација. Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит изјави дека е јасно оти убиството е прекршување на меѓународното право. Други германски политичари протестираат поради тоа што Бин Ладен не бил изведен пред

И во Германија критики поради начинот на ликвидација

И во Германија критики поради начинот на ликвидација

Меѓународниот кривичен суд, а критики се насочени и кон канцеларката Ангела Меркел поради тоа што изјави дека е „задоволна со убиството на Бин Ладен“.

Но, има и спротивни мислења.

„Секако дека САД можеби посакувале да не го фатат жив Бин Ладен. Но претпоставувам дека Бин Ладен би сторил се‘ за да избегне апсење. Ниту Германија не отфрла целно ликвидирање на луѓе во принцип, доколку на тој начин се ослободува заложник или се спречува терористички напад, секако дека е оправдано“, вели портпаролот за надворешна политика на опозициските СПД, Гернот Ерлер.

Официјален Вашингтон се‘ уште не одлучил дали да ги објави фотографиите од убиениот Бин Ладен. Директорот на ЦИА, Лион Пенета уште еднаш потврди дека пакистанските безбедносни служби ниту биле консултирани, ниту известени за акцијата на нивна територија, затоа што било проценето дека тоа ќе ја загрози мисијата.

Автор: БГ/дв/ројтерс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM