1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бин Ладен, Ленин и Хитлер

Неколку дена пред петтата годишнина од нападите на 11 септември 2001-та, американскиот претседател Џорџ Буш предупреди од попуштање на силите во борбата против тероризмот. Битката против Ал Каеда и со тоталитарните Шиити е од фундаментално значење за одржување на слободата во светот.

За Буш нема разлика меѓу Бин Ладен, Ленин и Хитлер

За Буш нема разлика меѓу Бин Ладен, Ленин и Хитлер

Заканата што доаѓа од терористички-тоталитарните елементи на Исламот историски може да се спореди со комунизмот и национал-социјализмот, оцени Буш во говорот пред здружението на офицерите во Вашингтон:

Американскиот претседател за првапт цитираше делови од документи на Ал Каеда за да ја предупреди земјата на опасноста од тероризмот. Тој изјави дека иако во последните пет години немаше нови напади, опасноста и натаму мора сериозно да се сфати. Тој го спореди Осама Бин Ладен со Ленин и Хитлер:

„Бин Ладен и неговите террористи своите намери ги соопштија многу јасно како Ленин или Хитлер пред нив. Прашањето гласи, дали ќе запреме или ќе му посветиме на злото доволно внимание„?

Со цитати од различни аудио и видео пораки на Бин Ладен и неговите следбеници, како и од документи запленети во рации, Буш ја скицираше нивната намера да и нанесат историски пораз на Америка. Терористите тоа го прават систематски и имаат јасна тоталитарна идеологија:

„Терористите што не нападнаа на 11 септември 2001, се луѓе без совест, но не се лудаци. Тие убиваат од името на јасна и фокусирана идеологија„.

Цел на Ал Каеда и другите тоталитарни сили во исламот е создавање Калифат од кој ќе се владее на Блискиот исток и со кој би можел да се уништи Израел. Заканата доаѓа и од режими како оној во Иран кој се обидува да дојде во посед на оружје за масовно уништување. Буш извлече претпазливо позитивен биланс во битката против тероризмот по 11 септември, предупредувајќи дека борбата против него мора да продолжи.