1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бин Ладен дал пари за спречените напади

Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама Бин Ладен лично ги одобрил и делумно ги финансирал планираните терористички напади врз неколку големи европски градови, пишува германскиот неделник „Шпигел“.

default

Осама Бин Ладен дал лично одобрение за нападите?

Весникот се повикува на изјавите на германскиот исламист Ахмед С., дадени за време на неговото сослушување во американската воена база Баграм, во Авганистан. Токму информациите добиени од него беа повод за најновата тревога од можни терористички напади во Европа.

Ахмед С., имено, ја напуштил Германија во март 2009 година за да им се придружи на милитантните групи на авганистанско-пакистанската граница. На почетокот на јули годинава, тој бил уапсен од американските војници во авганистанскиот главен град Кабул. Врз основа на информациите од неговото сослушување, западните медиуми на почетокот на неделава објавија дека терористичката мрежа Ал Каеда планирала да спроведе

Terror Terrorismus Bedrohung Anschläge Europa Paris Eiffel Turm

За планираните напади се дозна пред неколку дена

терористички напади во Лондон и неколку други големи градови во Франција и во Германија. Тие, меѓутоа, биле спречени со убиството на неколку лидери на заговорот, во нападите на американските беспилотни летала во регионот на авганистанско-пакистанската граница. Нападите требало да бидат спроведени во стилот на оние во индиската метропола Мумбај .

Покрај тоа, како што пишува во најновото издание на „Шпигел“, тие биле подготвувани од страна на третиот човек во Ал Каеда Јунис ел Мауретани. Имено, Ахмед С. им изјави на американските истражители дека тој се сретнал со него под конспиративни услови, во пакистанскиот град Мир Али, при што разговарале за можните напади во повеќе европски земји.

Меѓутоа, спорно е дали изјавите на германскиот исламист се веродостојни. Особено германските истражувачи имаат сомнежи и сакаат што е можно побргу и самите да добијат можност да го сослушуваат во Авганистан.

Автор: СН/ЕМФ/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска