1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бинјам Мохамед е подготвен да ја бара правдата

Излезе првиот затвореник од Гвантанамо и како што сите очекуваа - предизвика бранувања. Во особено неповолна ситуација е Велика Британија. Наводно и таа соработувала во малтретирањето на Мохамед.

default

Мохамед е слободен, но под надзор на британските служби

Триесетгодишниот Етиопеец, Бинјам Мохамед, е првиот затвореник од Гвантанамо кој е ослободен по доаѓањето на власт на американскиот претседател Барак Обама. По четири години поминати во затворот на Куба, Мохамед пристигна на еден воен аеродром во Лондон. Тој е пуштен на слобода, но се` погласни се обвинувањата дека и британските разузнавачи имаат удел во неговото малтретирање додека бил испитуван.

Точно лоцирани проблеми

Häftlinge in Guantanamo Symbolbild Fragezeichen

Што ќе се случи кога и останатите ќе почнат да ја бараат правдата?

Со случајот на Бинјам Мохамед, кој повеќе од четири години помина во Гвантанамо, конкретно се покажуваат проблемите што ќе се појават со затворањето на американскиот затвор. Кој ќе ги преземе затворениците, кои по терористичките напади во САД од единаесетти септември беа уапсени во рамките на борбата против тероризмот, а кај кои не е утврдена вина? Кај триесетгодишниот Етиопеец, Бинјам Мохамед, ситуацијата беше едноставна - како човек кому претходно му бил признат статус на бегалец, тој имаше право да се врати во Велика Британија. Сепак, и покрај тоа што обвиненијата против него во САД беа укинати уште минатата година, тој сепак остана во затвор. Дали причина за тоа беше стравот што владееше во Велика Британија, дека со неговото враќање во јавноста ќе бидат отворенни непријатни детали за поврзаноста меѓу британските тајни служби и малтретирањето на Бинјам Мохамед? Во 2002 година тој бил малтертиран прво во Пакистан, а потоа и во Мароко. Во некои случаи и во присуство на човек од британската тајна служба.

Британија отфрла вмешаност во малтретирањето

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибанд, сега тврди дека тоа што Мохамед воопшто можел да се врати се должи на интензивниот ангажман на британските преставници. Сепак, на почетокот од месецов Милибанд мораше да застане во одбрана на британските тајни служби, тврдејќи дека не соучествувале во малтретирањето на Мохамед. Повод беше спор со Врховниот суд. Судијата бараше да ги дознае сите детали поврзани со обвинувањата за малтретирање. Министерството за надворешни работи соопшти дека не може да стави се` на располагање, бидејќи со тоа би се загрозила соработката на безбедносен план со САД. Ваквото објаснување предизвика политичко бранување. Министерот ја бранеше својата позиција: „Не се работи за тоа дали ние ќе паднеме на колена пред Американците. Се работи за здрав разум и за британските национални безбедносни интереси“, рече Милибанд.

Чии безбедносни интереси би биле загрозени?

USA Kuba Guantanamo Oberster Gerichtshof

Време е за расветлување

Случајот на Мохамед во моментов го разгледува јавното обвинителство. Можно е Бинјам Мохамед да поднесе тужба, не само против САД, туку и против Велика Британија. Најлошто е тоа што, како што изјави адвокатот на Мохамед, при неговото испитување и малтретирање во Мароко, имало информации што можеле да дојдат само од британска страна. „Нема сомневање дека Велика Британија испраќала информации во Мароко, што биле искористени при испитувањето и малтретирањето,“ вели адвокатот Захари Кацнелсон.

Бинјам Мохамед е пуштен на слобода во Велика Британија, но сепак во иднина ќе биде набљудуван. За ополномоштеникот на британската влада за антитерористичко законодавство, Лорд Карлај, тоа е нормално. Се работи за случај во кој властите мора да бидат претпазливи.