1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Билт на средба со македонскиот државен врв

Министерот за надворешни работи на Кралството Шведска и претседавач со Советот на министри на Европската унија Карл Билт вчеравечер престојуваше во неформална посета на Македонија.

default

Карл Билт

За време на својот престој претседавачот со ЕУ Карл Билт, според соопштението на македонската влада, имал заедничка неформална средба и вечера со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Во соопштението се наведува дека на средбата се разговарало за евроинтегративните процеси, при што Билт изразил задоволство и и’ честитал на Република Македонија за досегашните успеси во спроведувањето на реформите и модернизацијата на општеството, како и за позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, се наведува во соопштението.

На средбата станало збор и за идните перспективи на Република Македонија и продолжување на реформските процеси во државата, а покрај разговорите за спорот со Република Грција за името, била изразена и надеж за скорешно решавање на се’ уште нерешените прашања. Притоа, уште еднаш било повторено дека е потребно побрзо надминувањето на недоразбирањата меѓу Скопје и Атина.

Автор: АТ/миа/макфакс