1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Билт го критикува односот на САД

Американските закани дека Вашингтон ќе ја признае независноста на Косово и без резолуција на Советот за безбедност, е игра со оган во односите меѓу Европа и Америка и играње со оган на Балканот, изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билт на собирот на европски и американски политичари и експерти во Брисел. Во расправата на „Бриселскиот форум„, Билт предупреди на тоа дека е игра со оган изјавата на американскиот политичар Ричард Холбрук дека Вашингтон веднаш ќе ја признае независноста на Косово дури и ако Русија стави вето врз резолуцијата на Советот за безбедност. Слична изјава на форумот даде и помошникот државен секретар Даниел Фрид кој рече дека сегашниот статус на Косово е неодржлив и оти за планот на Ахтисари нема алтернатива.