1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Биланс на германското обединување

За развојот на источниот дел на Германија од падот на ГДР се потрошени милијарди евра. И покрај тоа, успехот и таму изостана. Денес и на многу општини во западниот дел, пак, им требаат пари, зашто се до гуша во долгови.

22 години по германското обединување јазот меѓу истокот и западот на земјата повторно се зголеми. Брутодомашниот производ во т.н. нови, источни сојузни покраини опадна за 2 проценти на 71 насто во однос на западногерманското ниво. Перспективите за иднината на истокот на земјата се лоши. Младите заминуваат, недостига работна стручна сила. На западот на земјата цели региони се борат, пак, со последиците на структурните промени, на пример во Рурската област. Веќе одамна многумина бараат нови правила за распределба на субвенциите. По еуфоријата на обединувањето, настапи грубата реалност на секојдневието.

Revolution in Osteuropa 1989 Bild 15 DDR Erich Honecker tritt zurück

Ерих Хонекер

Да се греши е човечки, така во 1989. година ова го спозна на трагичен начин и Ерих Хонекер. Шефот на источногерманската држава и влада во јануари тогаш се осуди да прогнозира нешто што десет месеци подоцна се покажа како негова најголема заблуда. Хонекер тогаш рече дека Берлинскиот ѕид ќе псотои 50, сто години, доколку не се отстранат причините зе неговото постоење. А, главната причина за Хонекер беше капитализмот, кој постои и денес, по падот на Ѕидот.

Сигурно дека повторното организирање на земјата, поделена 41 година, беше успех без пример. Притоа беа направени и грешки, а се прават и денес. Сепак, конечниот биланс е пофален. Најважното во процесот на обединувањето е што луѓето од Германската Демократска Република сами се дигнаа против угнетувањето и се решија за слобода и обединување. Услов за тоа беше одлуката на тогашниот парламент на ГДР од 23 август 1990. година „за пристап на ГДР кон подрачјето каде на сила е уставот на Сојузна Република Германија во согласност со член 23 од Уставот“. Историјата може да звучи и така неспектакуларно и бирократски. Денот на германското обединување, 3. октомври 1990 година, беше и емоционална кулминација на неверојатните промени. Во последните години од своето постоење ГДР првпат стана една, како што стоеше во името, Германска Демократска Република.

Распродажба на ГДР

Dominosteine als Symbol des Mauerfalls vor Brandenburger Tor Flash-Galerie

Берлинскиот ѕид падна на 3-ти октомври 1990 година

Политички, географски и општествено требаше како што докажа бившиот канцелар Вили Брант, да срасне оно што припаѓа едно на друго. Прво на економски план ништо не функционираше. Индустријата на истокот не беше конкурентна. Имаше премногу вработени, а недоволна продуктивност, источните производи не можеа да им конкурираат на оние од западот. Во неколку години беа продадени повеќе од 14 илјади фирми. Старата ГДР беше такарачи на распродажба. Со помош на т.н. Пакт на солидарност, гигантска програма за поттик на источниот дел од земјата, меѓу 1990 и 2010 година во некогашната ГДР беа вложени 1,4 билиони евра. Околу две третини од парите се потрошени и се трошат на социјални давачки. Таквиот историски договор важи до 2019 година, а дотогаш помошта постепено се намалува.

На Пактот за солидарност на запад во ерата на обединувањето се гледаше како на нешто разбирливо само по себе. Сега има се‘ повеќе критичари. Зашто, одамна и одделни региони на запад се во долгови до гуша, градоначалниците на општините во криза не сакаат да даваат пари во Пактот. Во западниот дел ослабе синдоромот на помагачи. На многу региони во источниот дел не им треба повеќе помош, на пример во покраините Саксонија и Тирингија. Пактот за солидарност сигурно ќе биде тема и на изборите во 2013 година. На крајот како резултат би можел да произлезе еден сегермански пакт за солидарност.