1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бизнис климата и странските инвестиции во Македонија

Странските инвеститори со сугестии до македоснката влада за подобрување на деловната клима во земјата. На средбата во Скопје синоќа присуствуваа околу 400 менаџери. Владата ја претсатвуваше вицепремиерот Зоран Ставревски

default

Европа бара либерализација на телекомуникацискиот сектор во Македонија

Белата книга на странски инвестиции содржи предлози за подобрување на деловната клима во Македонија. Околу 400 странски инвеститори од земјата и од регионот се собраа синоќа во Скопје да и ги кажат своите сугестии на владата. Премиерот Никола Груевски не ги почести со присуство врвните менаџери, претсавници на Хеленик Петролеум од Атина, на ЕВН од Виена, германски бизнисмени од Дојче Телеком. Отсуството на Груевски се обиде да го оправда вицепремиерот Зоран Ставревски.

Има подобрување на бизнис климата во Македонија

Советот на инвеститори во кој се обединети 80 проценти од вкупниот странски капитал во Македонија смета дека има подобрување на бизнис климата во Македонија, но има и одредени забелешки. Претседателот на Советот Арис Влахос во претходно подготвениот говор кажа дека со присуството на собирот на инвеститори премиерот во пракса ја покажува вистинската грижа за странските инвеститори.

Една од клучните препораки на европската комисија е да се либерализира телекомуникацискиот сектор. Извршниот директор на Телеком Николај Бејкер смета дека е погрешно фирмата со која тој раководи да се третира како монопол.

„Многу сме наклонети на либерализацијата. Но како што веќе сум кажал треба да се види што е важно за Македонија. Од една страна владата сака либерализација, а од друга да привлече странски инвеститори. За да привлече инвеститори компаниите треба да имаат профит. Затоа овие две работи треба да се избалансираат“, изјави за Дојче Веле извршниот директор на Македонски телеком.

Македонија досега привлече најмалку странски капитал

Истовремено со трката по нови странски инвеститори владата влезе во конфликт со дел од странскиот капитал што е веќе етаблиран во Македонија. Односите најмногу ги залади со ЕВН и со најголемите потрошувачи на струја поради новииот закон за енергетика што треба да донесе либерализација во оваа сфера. Македонија од сите земји во транзиција привлече најмалку странски капитал. Од осамостојувањето досега едвај милијарда и пол милиони долари, сума што кај некои од соседите влегува за само неколку месеци.