1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бизнис заедницата чека усогласување на календарите

Празниците да бидат на исти датуми за да не трпи економијата - бараат бизнисмените. МПЦ не сака да слушне и вели: нема да ја менуваме вековната традиција за луѓе кои не стапнале во црква.

Токму кога поголемиот дел од Европа се враќа во нормален работен ритам по велигденските празници, во Македонија се прават последните подготовки за продолжениот празничен викенд. Оваа година католичкиот и православниот Велигден се празнуваат со една седмица пауза, ретко се совпаѓаат. Поради разликите во календарот, според кој се одредува датумот на празникот, трпи бизнисот во Македонија - гласи проценката на Сојузот на стопански комори. Тоа е основната причина што бизнис заедницата во Македонија предложи замена на Јулијанскиот со Грегоријанскиот календар.

Владиците не им одговориле на бизнисмените

Иницијативата се‘ уше е без епилог вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори во изјавата за Дојче Веле:

„Иницијативата е од пред неколку години, наидовме на одобрување од Владата,

Flash-Galerie Trinken Sie zu viel

Поради разликите во календарот трпи бизнисот во Македонија - гласи проценката на Сојузот на стопански комори

оти нели таа треба да предложи закон за промена, но Владата даде резерва претходно Светиот архиерејски синод на МПЦ да се согласи со оваа измена. Досега немаме ни потврдно, ниту негативно мислење од Синодот. Инаку, бенефитите за економијата од една вакава промена се очигледни, затоа што ние како европска земја сме насочени да тргуваме со другите европски земји, повеќе од 50-60 проценти во вкупната трговска размена е со Европа и многу е добро да се усогласат празниците, оти на овој начин се јавува голем вакуум во работата“.

Најголеми се штетите поради застојот на трговската размена што редовно се случува за време на Божик. Европа почнува да празнува последната недела од декември, во Македонија се слави до половината на јануари.

Мојановски: Еден календар, повеќе придобивки

Дека усогласувањето на термините за празнување на големите верски празници ќе има позитивен ефект сметаат и аналитичарите. Универзитетскиот професор и поранешен шеф на Комисијата за односи со верските заедници Цане Мојановски за Дојче Веле објаснува:

NO FLASH Kerzen Mazedonien Skopje

„Граѓанството ќе добие повеќе простор што ќе празнува во ист период со сите христијани и што е уште поважно - еден дел од православните христијани ќе добие црквата на тој начин што непосредно ќе се воедначат пристапите кон празнувањето. Црквата исто така ќе покаже дека е институција што ја почитува дијалектиката во времето и потребите на верниците“

Тимотеј: Промена не бара ни народот, ниту науката

Иако официјално не се произнесла по иницијативата на бизнис заедницата, ставот на црквата е јасен. Календарот нема да се менува, категоричен е во изјавата за Дојче Веле владиката Тимотеј:

Mazedonien Kirche KLiment Ohridsk in Skopje

МПЦ: Календарот нема да се менува

„МПЦ нема потреба да го менува својот календар, бидејќи тоа не го бара ни народот, ниту науката. Тоа може да има непријатности во нашиот верен народ и ние од тие причини не можеме да излегуваме по барање на луѓе кои никогаш не се вртат во црква. За бизнис елита ние не можеме да ги менуваме нашите вековни традиции“. 

Дебатата „за и против“ промена на календарот во Македонија стана актуелна откако православните земји во најблиското опкружување, како Бугарија и Грција, го прифатија новиот календар. Искуството во овие земји укажува дека е можна поделба на верниците на оние кои ќе го прифатат новиот календар и оние кои се против. На МПЦ ОА која мина низ турбуленциите што ги предизвика Вранишковски воопшто не и‘ потребна нова делба, туку единство по клучните прашања во периодот што се смета за клучен во битката за својот статус и афирмација во православниот свет.