1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бизнисот не трпи залудно потрошено време

Кога грчките цариници или вработените на солунското пристаниште не штрајкуваат, блискоста на Солун е огромна придобивка за македонските компании. Но, за жал тоа е ретко.

default

Солун е најблиску, но...

Стопанската комора на Македонија денеска организираше презентација и директна средба со претставниците на новата администрација на Солунското пристаниште, кое традиционално е најповолно и најблиско за македонските компании.

Со ова пристаниште, од неодамна, раководи нов менаџерски тим со кој Стопанската комора на Македонија организира презентација на услугите, за досегашни и идни клиенти на пристаништето.

Компликувана состојба

Во последните неколку години, грчките служби од кои зависи функционирањето на пристаништето во Солун, повеќе време штрајкуваа отолку што работеа. Toa во

BdT Deutschland Wetter Sommerabend Hamburg Hafen

значајна мера ги компликува работите. Македонската економија беше принудена да разработи алтернатива.

„Веќе нема алтернатива, туку разработена опција. Благодарејќи на тој штрајк во Грција, Драч и Бар ја видоа својата шанса“, објаснува скопскиот директор на Медитеранската бродска компанија, Стевица Чарапич.

„Во 2008-ма, цела година имаше континуриан штрајк, во 2009 имаше 70 денови официјален штрајк, годинава продолжува тој тренд.“

Секој има свое искуство

Искуствотото на сите шпедитери, но и трговци од Македонија во соработката со солунското пристаниште е индивидуално, но

Duisport Duisburger Hafen Container Schiff

генералната оценка зависи од тоа дали грчките административци работат или штрајкуваат.

„Витаминка“ од Прилеп со месеци ги чекала суровините од Кина заглавени во бродските контејнери, се жали Наташа Стојковска од прилепската фабрика. Слично е искуството и на „Лион“ од Свети Николе. Машината од Кина заглавена во Егејот, морала да бара други патишта до Македонија, објаснува дикректорката на кондиторската фабрика Катерина Гонева.

Соработка е можна

Пречистување на води е бизнисот со кој се занимава Јоти Поповски од „Еколошко биро“. Се надева дека е можна соработка со солунското пристаниште. Освен блискоста со македонскиот пазар како најголема предност, пристаништето во Солун е конкурентно и со развиената инфраструктура и со цените. Но, бизнисот не трпи залудно потрошено време. Честите штрајкови во Грција го принудија капиталот да пронаоѓа нови патишта.

Автор: Горан Петрески/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM