1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бизнисмените со нова стратегија за македонската економија

Водечки бизнисмени во Македонија предлагаат промена на економскиот модел во земјата. Тие се залагаат за зголемување на бенифициите на домашните компании.

default

Време е за промена на економскиот развоен модел: Домашните, да се изедначат со повластиците за странските инвеститори, и тие да бидат двигатели на растот; да се развива приватниот сектор за апсорбирање на високата невработеност, а не да се шири моќтта и бројноста на јавниот сектор. Треба да се зголемат капиталните вложување во магистралните патишта и во енергетиката.

Овие заклучоци ги подготви група на бизнисмени од таканаречениот крупен капитал во македонската економија. Тие, без оглед на своите лични или јавни декларирања за некоја од доминантните партиски опции, се собраа под закрилата на Стопанска комора. Кои се мотивите што ги зближи директорот на една од најголемите банки со странски акционерски капитал, газдите на „Алкалоид“, „Железарница“, на „МИГ - металската индустрија“ од Кавадарци, челникот на најголемата градежна фирма, шефот на „ИТ компанија“?

Hand mit Stempel Finanzamt

„Основа на целиот модел е промена на макроекономската политика, која две децении не дава резултати ниту развој, кој би можел да ги задоволува барањата на граѓаните за поголема социјална сигурност, ниту определбите на владата за поголем раст, кој во овој момент не ги задоволува барањата на државата и граѓаните“, вели за Дојче веле Илија Гечев. Неговата металопреработувачка индустрија од Кавадарци извезува готови конструкции од Далечниот Исток, до Летонија или Италија.

Кои мерки ги нуди бизниз заедницата?

Бизнис заедницата бара систематско поттикнување на вложувањата во развој на производните компании. Како стимулативни мерки таа нуди ослободување од данок на профит до 65 насто за десет години, ако вработат 30 нови работници, или до 100 насто намален данок, ако се вложува над 8 милиони евра со кои се обезбедуваат најмалку 75 вработувања во првата декада. „Има два модела за излез од кризата, едниот зголемување на инвестициите и вториот зголемување на извозот“, вели за Дојче веле Љупчо Зиков главен акционер во бизнис весникот „Капитал“. Капиталните вложувања и издвојувања од буџетот во последната деценија не се реализираат, а лани беа и најниски,само 40 проценти од буџетските планирања.

„Потребни се иневстиции во патната инфраструктура, заглавена во недовршените стратешки коридори, а да се чека на отворност само со патниот правец 10, е ризичен конецепт во услови кога сите земји од регионот имаат два паралелни коридори 8 и 10“, вели Анотони Пешев, председател на Собранието на Стопанска комора. Оваа институција, партнер во социјалниот дијалог и триаголник со Владата и Синдикатите, има над 10 илјади компании како свои членки, со 70 насто од вкупно вработените во земјата.

Македонските тајкуни, како успешни бизнисмени на овој транзициски период во Македонија излегоа со иницијатива до Владата, под мото - време е за динамичен развој и нови работувања.

Потребни се дополнителни стимулации во аграрот

Dossier Schulden Haushalt Steuern Währung Konjunktur Euro Dossierbild 3

Финансискиот пазар е исклучително конзервативен кон малите и средни фирми, додека големите компании се мачат со долговите на државата кон нив, од поврат на ДДВ до неисплатени фактури за јавни работи во име и за сметка на Владата, кажа Антони Пешев и сопственикот на „ИГМ“ Гечев кој инсистира на дополнителни стимулации за аграрот. Стопанската комора нуди изградба на македонски продажни места низ екс-југословенските простори, во кои ќе се пласираат готови македонски производи од преработувачката индустрија, но и земјоделски и пред се’ раноградинарски производи и вино.

Предводниците на крупниот капитал во големите компании бараат и окрупнување на земјоделските поседи во фармерски тип на модерен аграр и исплаќање на земјоделските производи од годишниот род не подолго од два месеци.

Коморите стануваат се’ погласни во барањата за промени во концептот за развој, но Стопанската комора одамна ја нема посетено премиерот Никола Груевски, за разлика од неговиот опонент лидерот на СДСМ, кој неодмана се сретна со Сојузот на стопански комори, како асоцијација на мали и средни фирми.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска