1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Бизарен избор

Никој не сметаше на Харолд Пинтер. И во книжевните кругови тој е релативно отуѓен.

Реномираниот критичар Денис Шек изборот го нарече „Навреда за литературата„ а неговиот познат колега Зигрид Лефлер смета дека Пинтер е „бизарен избор„, односно драматург излзен од мода.

Мислење што го дели и критичарот Тилман Краузе во разговор за Дојче веле:

„Според мене, станува збор за сосема погрешен избор. Во минатата година беше наградена авангардата од вчера со Елфриде Јелинек. Сега е наградена авангардата од завчера. Неговото големо време на саканиот и ценет „театар на апсурдот„ беше пред неколку децении„.

Театарскиот критичар Франц Виле смета дека наградата доцни 30 години , а неговата иновативност вака ја опишува:

„Така да се каже, станува збор за психолошки театар со отворени ставови чии текстови произлегуваат од детализиран реализам. Тоа се пишувачки техники што на пример, Бото Штраус ги обистини на сосема поинаков начин. Тоа беа важни техники во кои беа внесени форми на книжевната модерна во драматургијата што порано ги немаше„.

Пинтер сопствената иднина како писател ја посматра многу скептично. По повод неговиот 75 роденден на 10 октомври, Пинтер за весникот „Дејли телеграф„ изјави дека не располага со големи писателски теми.