1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Биеналето во Венеција

Секогаш вреди да се посети Венеција. Но, пред се во времето кога градот живее во ритамот со неговото биенале: во минатиот викенд беше отворено по 51 пат. Меѓународна изложба на уметноста во Ѓардини публичи. Во 110-тата година од постоењето, со најмногу учесници досега, поделено на различни места во целиот град, во прекрасните палати и на сликарскиот остров на Венеција.

Венеција живее со своето биенале

Венеција живее со своето биенале

Двете шпански кураторки Марија дел Корал и Роза Мартинез централната изложба намерно ја поставија со помалку експонати. Во главниот павилјон учествуваат само стотина уметници, што е добро и за делата и за публиката. Марија дел Корал образложува:

„Се згрозувам од логиката на моќта. Важно е за посетителите да имаат можност да посетат изложба каде што ќе можат да бидат поблиску до уметниците и нивната работа, да можат и самите да експериментираат и да се радуваат, да можат да размислуваат. За тоа не е потребно посебно познавање. Една изложба мора да го развие визуелниот идентитет и да предизвика чувство за размислување„.

Значи, не станува збор за феминистичко, туку за сосема различно биенале. Нецела половина од уметниците се жени, но постои атмосфера на посебна арома. Женска живост, смисла, размислување место машката моќ за создавање, врева и помпа. Девете кураторки имаа време од половина година да ја постават изложбата. Повторно Марија дел Корал:

„Јас сум жена и работам со мојот дух, со срцето и стомакот. Да, јас сум жена и секако има различен агол на гледање од мажите„.