1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бејрут- Погребан убиениот анти-сириски политичар

*

Десетици илјади луѓе денеска во Бејрут присуствуваа на погребната церемонија на убиениот либански политичар Валид Еидо. Овој анти-сириски настроен политичар загина вчера во бомбашки напад заедно со уште 9 други лица . На погребната церемонија која се претвори во протест , демонстрантите ја обвинија Сирија за убиството а за соодговорен го посочија и либанскиот претседател Емиле Лахуд. По вчерашниот напад премиерот на Либан Фуад Сињора побара оддржување вонредна седница на Арпската лига Таа ќе се одржи утре во Каиро а покрај Либан тема ќе биде и ескалацијата на состојбата во палестинските области.