1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

NRS-Import

Беше ли самитот на Г20 успешен и за кого?

Самитот во Вашингтон донесе Акционен план кој треба да биде спроведен до пролет. Изостана целосно преуредување на финансиските пазари, за што посебно вршеа притисок Европејците. Како експерти го оценуваат самитот?

default

Европа не ги постигна до крај своите цели, но му даде белег на самитот: германскиот канцелар Ангела Меркел и претседателот на САД Џорџ Буш.

За Тим Стачти, директор за економски прашања во Американскиот институт за современи германски студии, првиот глобален самит од овој вид е успешен веќе и поради фактот дека се договорени посилна контрола врз банките и поголема транспарентност кај финансиските продукти. „Самитот ги оправда моите очекувања. Повеќе од она што е постигнато не можеше ни да се очекува, а е постигнато она што со право можеше да се очекува“, вели Стачти. Тој смета дека било нереално да се очекува веќе сега да има подробна нова регулатива за финансиските пазари, која би била објавена во сабота и би важела веќе од понеделник изутрина на берзите во светот.

Оценката за резултатите на самитот на Адам Поузен, заменик-директор на Петерсоновиот институт за меѓународна економија, е уште попозитивна: „Тоа беше голем успех. Не беше целосен како што се посакуваше, но беше успех во споредба со поранешните меѓународни самити“.

Finanzgipfel Washington

Силно влијание на Европа на самитот во Вашингтон

Европеизација на раководењето со светската економија

Европејците можат како свој успех да си припишат дека САД за прв пат воопшто беа подготвени да разговараат за глобална контрола на финансискиот систем. Но, прерано е да се зборува за европеизација на финансиските структури, смета Тим Стачти. Ова е пресврт во таа смисла, што Американците и Британците сега се подготвени да разговараат за тие теми, вели тој и додава: „Но, ми се чини и дека стана јасно оти обете страни и натаму не се расположени да се согласат со единствено регулирање, уште помалку од некоја светска институција“.

Адам Поузен, напротив, врз основа на самитот на Г 20, согледува дека Европејците јасно го ставија својот белег врз една важна област: „Ова е европеизација на раководењето со светската економија“. Во моментов Европа, посебно Франција, Велика Британија и Брисел, имаат интелектуален план за целиот свет, вели Поузен и нагласува: „Но, тоа не е европеизација на финансиските пазари. Тоа е многу повеќе прашање на политиката, а политиката е најсилна во Европа“.

Како ќе се однесува Обама?

Тука нема ништо да се промени барем до 20-ти јануари, денот кога Барак Обама ќе ја преземе претседателската должност во САД. На договорениот нареден самит во април Обама ќе биде точно 101 ден на власт. Едно од возбудливите прашања за второто издание на самитот на Г 20 е дали Обама може- и ќе се обиде повторно да побара водечка улога на САД во финансиските прашања.

Поврзана содржина