1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Беше како експлозија на бомба“

Најмалку еден загинат, повеќемина повредени и делумно разурнат град - тоа е билансот на најсилниот земјотрес во Нов Зеланд, во последните 90 години.

default

Потресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги разбуди од сон жителите на Кристчрч. Едно лице почина од инфаркт во текот на земјотресот, повеќе лица се повредени, од кои две тешко. Голем број луѓе имаат полесни повреди, како исекотини, отоци и скршени коски. Голем број жители на Кристчрч го загубија она што го имаат. Премиерот на Нов Зеланд Џон Кеј Картер веднаш замина во регионот на земјотресот за да стекне впечаток за штетите на лице место:

Erdbeben in Neuseeland

„Првичните информации се дека штетите се прилично големи“, изјави тој.

Жителите на Нов Зеланд се навикнати на земјотреси, но велат дека ваков не доживеале со децении. „Беше како експлозија на бомба“, објаснува за агенцијата (дпа) Сабине Кук, која во Кристчрч живее над 20 години. По големиот потрес, во регионот имаше серија послаби потреси, со јачина од околу 5 степени. Земјата во Нов Зеланд се тресе особено често, затоа што тука се допираат две тектонски плочи. Според сеизмолозите, таму се случуваат по околу 15.000 земјотреси годишно, но се чувствуваат само околу 150 од нив.

Автор: ЕМФ/АТ/дпа/дв

Редактор: Александра Трајковска